Friday, May 15, 2009

Кратко ги памтев оние плави, крупни очи.
Сакам да ја имам - си реков.
Исто како кога сме мали и знаеме дека кога ни се свиѓа некоја играчка премногу мораме да ја имаме, сето тоа плачење и кукање само за некој да се смилува со нас и да ни ја купи. Но играчката никогаш не трае долго.
Така и девојката со плави очи.
Таа беше таму каде што бев и јас.
Краток минич, вештачка плавуша. Се виткаше, флертуваше, курвинско понашање.
Со виното во една рака а цигарата во друга.
Не беше само сакањето.
Морањето да ја изнесам од дискотекава беше она круцијалното. Така е кога некоја мала, незначајна, убава единка не засенува со нејзиното курвинско понашање. А и секоj кој ќе и се приближеше, она јако го одјебуваше.
Запознавањето беше кратко и за нејзе незначајно. Морав да спроведам контра стратегија. Се палеше на големо, а под големо подразбираше само едно. Пари.
Почнаа пијачки да летаат, се од моја страна, се како жртва за нешто што е тука, што мора да се има.
Тогаш, некаkо инстантно ме примети. Муабетот беше празен, но што друго би можел да очекувам. Не ми ни беше потребен муабет.
После максималниот број на лаги (лага кон непознат е исто како лага кон незначаен), ме запраша за превоз.
Другар ми дојде во пресрет, на помош и ми ги тутна клучевите во џеб.
Ја изнесов, ја однесов и после се, за среќа не ја видов.