Thursday, June 4, 2009

Патување на долго

5АМ...
Рано за нас...
Но сепак касно за некои...
Месечината сеуште продираше низ облаците...
Облачно, но сепак топло.
Торбите потпрени за надворешната врата а над нив поставена класична облека спакувана во голема ќеса. Над сето тоа една карта.
Само една...
Една карта, еден пасош, едно заминување.
Тргнавме, сите, со само една карта...
Градот беше испразнет...
-Каде се луѓево? - Си помислив.
Зарем сите си отишле по дома, зарем е можно градот да е толку празен, зарем сите го напуштиле.
Сонцето пополека почна да продира од позади облаците.
Стигнавме...
Просторијата тивка...
Единствени звуци кои се слушаа беа од авионите кои полетуваа.
И наеднаш се слушна оној добро познат женски глас кој ги најавува летовите до оние места на кои сите сакавме да се наоѓаме.
Но само еден ја имаше таа среќа. Само еден со картата над торбите. Само еден ќе оди...
Патниците за New York се молат да влезат во авионите - рече оној добро познат женски глас.
Оној кој ќе оди се сврте кон сите нас, ја подигна картата од торбите кои беа потпрени до едно мало бело ступче испишано со имиња и ни рече Чао. Само Чао.
Мислејќи дека испраќањето ќе заврши брзо и без многу емоции, се наведна да ја земе торбата. Додека ја креваше, една жена, во средни години, средена, доста убаво облечена, ја фати торбата и ја спушти на земјата.
Ги пружи рацете кон оној кој требаше да иде, оној со картата, нејзиниот син, и силно го гушна...
Заплака...
Знаеше дека заминувањето не е само за кратко, знаеше дека ќе трае, и тоа долго време, занеше дека нејзиниот син заминува да работи, да патува, да се прошета, да го види светот.
А таа, направи се за тој да е среќен.
Несакав да гледам.
Целата сцена претставуваше: мајка го испраќа синот на печалба, само што оваа печалба беше лесна, поучна и доста интересна. Исполнета со егзотични места.
Се свртев...
Стоев такa гледајќи во ступчето испишано со имиња, имиња на оние кои си заминале.
Стоев така, се додека не почувствував рака на моето рамо.
Погледнав позади а тој нежно ме сврти, ме гушна и тивко ми кажа дека многу ќе му недостигам.
Ме пушти, ги крена торбите и влезе во следната просторија. Онаа просторија која претставува почеток на нешто ново, ново запознавање, ново место, нови луѓе.
После неколку минути оној добро познат женски глас најави дека летот за New York штотуку тргнал.
Тогаш се освестив..
Пополека сфатив дека замина на долго, а јас неможев да му кажам што чувствувам, колку ќе ми недостига, колку сакам да се врати, колку несакам да оди...
Но тој веќе беше отиден...
Не е за секогаш, но самата моментална празнина ја исполнува осаменоста.