Sunday, March 15, 2009

Една вечер во Barista со шапки и шешири

Супер журка, одлична забава, добар провод, фенонменална замисла.
Barista се наполни со народ.
идеата беше да се понесат капи и очила... некои, со не толку инвентивни идеа како што беа видени најнормалните шешири во стилот на John Waine излезени од некој каубојски филм, но сепак добро ја сватиле пораката и понеле барем нешто за на глава, некои интересни кои доста сериозно ја прифатиле темата на носење и без никаков срам и финост ги ставија најлудите шапки и цвикери ко демек се во Fear and loathing in Las Vegas, но имаше и некои кои можеби не дознале за темата на самата забава или пак не сакале да ја следат. Високите капи дречеа на сите страни, ама сепак оние со fancy цвикери беа најзабавните, играа на twist-от и rock n'roll-от. иако музиката од времето на нашите родители или дури можеби од времето на нашите баби и дедовци сите уживавме и ги откривавме убавините на некое минато време.
Изборот на музиката беше супер (од се по нешто), секоја чест на диџејот кој со техното го привлече народот, со twist i rock и n'roll ја живна атмосферата и како крај со живата музика не испрати надвор, каде и да е, сепак повесели и побогати за едно уживање.

No comments: