Saturday, March 21, 2009

Снегот не зезна сите

Времево е стварно ненормално....
Константно паѓа снег, улиците се затрупаа, и можеби некако ќе се стигне до дома.
Годинава започна со Ice Age, па глобално затоплување па повторно Ice Age. Нешто не ќе да е во ред, во зима имавме пролет, а на почетокот на пролетот, вистинска снежна зима.
Кој кому згреши, природата нам или ние на природата, со тоа што секојдневно ја деградираме и уништуваме? А таа безмилосно знае да ни врати и плати.
Но како и да е, времево е сепак совршено за Водно.
Горе е топ, вчера бев и си поминав супер. Yes дека се е замаглено, Скопје во облаци, но кога не бил.
Местото до кое сакаме да стигнеме е голем проблем, не се вози, улиците затрупани, taxi никаде нема, автобус-што е тоа?
Боље да се седи дома, а ако е нешто стварно итно е тогаш сте наебале. Пешки, тргнете од сега а до посакуваната дестинација ќе се стигне за саат, два три. Зависи од местоположбата.
А, ако не, боље дома, сепак дома, а можеби и најдобро е дома, не, дефинитивно дома.... ха, запнав со ова дома.
Ups,денеска се избори и се молчи. Ах, штета. А да беше кампања некој од генијалците ќе ни ветеше дека со 1000 фенови ќе ги сушеше улиците или пак со декрет ќе определеше во кој денови ќе не грее сонце а во кои ќе правиме снешко.
Но како и да е времево е совршено за блага пореметеност, следната Нова Година ќе ја дочекаме со сонце и топло време.

No comments: