Tuesday, March 24, 2009

На Елементал во Havana

Елементал...
Ги чекавме, ги дочекавме, ги пречекавме.
Па дури и ги отчекавме и ги испративме.
Почетокот - интересно, неможеше да се влезе, обезбедувањето доста нерасположено за конверзација и си мислиш ќе те затепаат секој момент. Се гледа, нема лабаво.
Преку врски, некако се протнавме внатре. А внатре што да видиме... Гужва... Народ на сите страни, некако стигнавме и до саканата дестинација. Таму, друштво, весело, како и увек, некои пијани, некои трезни, некои џиткаа чаши, некои постојано нарачуваа.
Некои па доста сериозни, но тие сериозните веднаш ја напуштија Havana.
Елементал беа супер, само еднаш имаа - "We want more", но за вториот излез на сцена тие испеаа уште 5 песни.
После толку пијачки, играње, забава, паѓање, Елементал решија дека е доста. Се симнаа од бина, го напуштија просторот со обезбедувањето а после 5 мин.се вратија без нив.
Почнавме да слушаме песни ко у стилот на "Раце горе", ние, тие, останатите, тие вторите, тие левите, тие најоткачените решивме дека е доста. Се сликавме, си собравме парталите и си отидовме накај Мајче да јадеме.

No comments: