Friday, March 27, 2009

Странец во Македонија

Дали беше вчера, или претвчета?
А можеби и претходната недела.
Сеедно е која недела ќе ја наведам се додека може да го потенцирам зборот reunion.
Барем знам дека видовме единка која сметаше дека има вишок органи, па ги истури уште првиот момент кога наиде на минимална публика.
Можеби беше онаа иста вечер кога една моја другарка се смува со другар на нејзин другар. Прашајте ме по кое колено е другарот на другарот - е тоа незнам.
А можеби и беше онаа иста вечер кога ни се пушташе Странецот. Од големата количина на алкохол што Странецот ја имаше испиено не примети дека е човек во години. Изгледа поради фактот што Странецот е стран за местото, народот е стран за него, никој не го сваќа и никој не го приметува, свати дека педофилијата е доста одобрена. Сепак страни сме, никој не размислува исто. Како и да е на Странецот му се заарни видикот.
Тој не ја примети годишната разлика помеѓу него и другите околу него, но сепак сите со меѓународно сваќање.
Сите со различни мислења, различен јазик, различно годиште, туѓи еден со друг, собрани на едно место, на одлична забава, пијана вечер.
А како ќе го приметиш странецот дека е стран, кога само пружаше рака кон секое девојче кое ќе го видеше? Дури и столицата ја влечеше кај и да отидеше, мислејќи дека некој ќе му ја украде (ја користеше како шипка за играње).
Некој ќе помислеше Манијак, но сепак странецот е стран за местото, така да сите имавме сваќање кон него.
Странецот во странска земја е секогаш стран за другите, секогаш оној чудниот, оној секогаш погрешно сватениот.

No comments: