Thursday, March 26, 2009

Униформи или Не

Униформа или не?
Студентите и контрадикторноста...
Едните се за ДА, а другите за НЕ....
ДА:
Не мора да се размислува за облека од сабајле. Без никакво размислување за што да се облече, што како стои, што одговара со таа блуза и тие фармерки, наједноставна солуција е униформата. Таа е веќе комбинирана, без разлика дали на некој му се свига, така е дизајнирана, така треба и така се носи.
Не постои некоја инфериорност. Сите се еднакви, и сите така се облекуваат.
Никој со никого не се гледа попреку, и никој не го замерава начинот на облека на другиот.
НЕ:
Униформата е стратегиски дизајнирана за да се седи мирен во клупа и да не се мрда. Нема вртење лево-десно, нема препишување, нема кревање рака. Предавањата се тивки и мирни, професорите задоволни, студентите тотално изиритирани.
Сите имаат различни размислувања за униформата, бидејќи како и да е постојат два вида на одговор за тоа дали ја сакаме униформата : ДА и НЕ.
Двата одговора се или позитивни или негативни. Кој како сака, секој факултет и школа преку мнозинство решава дали да се носи униформа или не.

No comments: