Sunday, March 15, 2009

Big sunglasses

Големите наочари за сонце во последно време се сосема in. може слободно да се каже збогум на Ray Ban, бидејки округлите големи наочари кои го прикриваат целото лице се во постојан тренд без разлика на периодот и застареноста.
Порано наочарите беа носени само за да се заштитат очите од сонцето, но во последно време тие заземаат некаков вид на паралела заедно со начинот на облекување.
Нивните почетоци се од времето на римскиот император Неро кој ги гледал гладијаторските борби преку некаков вид на смарагди кои повеќе наликувале на огледала. подоцна наочарите за сонце почнаа да служат за да се заштитат очите од ултравиолетовите зрачења а нивна сегашна намена е да се биде виден.
тие се доста носени во Hollywood кадечто славните се кријат од папараците, а кај нас највеќе можат да бидат видени на bodyguard-ите кои се влезени во некој амерички филм.
како и да е, без разлика на сонцето и неговата појава наочарите за сонце се секогаш во тренд.

No comments: