Thursday, March 12, 2009

Музички репертоар

Репертоарот во Скопје, дали е свирка, техно, фолк, jazz или слично е музика која претставува еден вид монотоност или просто кажано- било, поминало, не е веќе.
Без разлика на музиката или клубовите, репертоарот се движи во онаа рамка каде што музиката била најприфатена.
Никој не се труди да го смени тоа само поради страв од падовите. Без разлика, кога тогаш слушаноста ке се намали а со тоа и посетуваноста.
Како доста голем фан на свирките можам да ја наведам Havana која од своите почетоци со групата Eye Cue(дечките сепак се супер а и изборот на песни им е одличен и доста комерцијализиран) репертоарот е останат на исто ниво како и репертоарот во Marakana. Најискрено гледано сметам дека песната " Ti si mi u mislima " е најслушана песна во последно време.
Специјалистите се скапо платени особено кога треба да решаваат одредени проблеми како што е лошиот слух поради квалитетот на музиката и најверојатно секој фан на добра свирка започнува да има големи проблеми со слухот само поради монотоноста на песните . Не велам дека песната е лоша, но сметам дека во скоро време ке почнеме и да ја "сањаме" поради оддавањето голема значајност.
Како и да е добрата музика е добро прифатена и логички е да е повеќе употребувана, но како некој кој е без право да дели совети би кажала дека треба да постојат барем мали измени во врска со музичкиот репертоар

No comments: