Monday, March 23, 2009

Сумирање на викенди

Викендашки ноќен живот...
Петок, како и секој почеток на викендот, доста раздвижено. Малолетни растрчани , полнолетни дотерани, народ на сите страни.
Сите весели, без паника дека треба да се стане рано.
Colosseum го започна викендот со едно од најпознатите музички имиња Dj Gajdo.
Одлична журка, феноменална музика, супер народ, пијачки, забава, Dj Gadjo топ.
Наводно, сите во тотално испукување пред големиот изборен молк.
Сабота - Снег, тишина, кој по дома, кој надвор, кој со познат, кој со random.А некој по работа.
Недела - Ништо не се случуваше, сите во некој успорен филм, тотално окупирани, со стилот на политиката и гласањето, па на кој канал и да се свртеше ќе се видеше некоја тема поврзана со круцијалните.
Во понеделникот сите преморени од такозваниот напорен викенд, сите на различни страни, со "прекрасно" работно расположение.

No comments: