Tuesday, March 17, 2009

Светот на софија

Роман за историјата на филозофијата.
Роман кој го опишува животот на доста експлицитен начин, начин кој ретко кој го сваќа. Приказна во приказна.
Четиринаесетгодишната Софија добива анонимно писмо во кое стојат прашањата Која си ти? Од каде потекнува светот?
Овие две прашања претставуваат портата во овој роман и во едно прекрасно патување низ историјата.
Раскажувајќи ја приказната за девојчето Софија, добиваме извонредно интересна лекција од историјата на филозофијата.
На еден игрив начин, патуваме низ земјата на чудата на Софија, низ земјата на мудроста, низ галеријата од филозофи кои се обидуваат да ги изнајдат одговорите на вечните загатки на човекот и универзумот.
Возбудливо патување низ светот на филозофијата и развојот на човековата мисла, размисли, напредок и цивилизација.
Јустејн Гордер ја претставил Софија како личност, која повеќе учи за светот од возрасните, почнува да го сваќа и разбира.
Феноменална книга за која критичарите дале оценка 5

No comments: