Monday, March 16, 2009

линдси

Налогот за апсење на познатата ѕвезда Lindsay Lohan беше издаден овој петок, но адвокатот на Lindsay Lohan вели дека таа нема да се појави на суд наредниот понеделник. Нејзините бои и ставови ќе ги брани нејзиниот адвокат .


Shawn Chapman Holley, адвокатот на Lindsay Lohan ја брани познатата актерка дека се работи за целосно недоразбирање. И полицискиот портпарол остава отворена можност дека се работи за недоразбирање и дека налогот кој е издаден сега, вушност се однесува на возењето под дејство на алкохол на Lindsay Lohan пред цели две години.


Ова не епрв судир на Lohan со полицијата. Бунтовничката без причина,како што некои ја нарекуваат, моментално е осудена на три години условна казна затвор за инцидентите во Мај во 2007 година .Таа беше обвинета дека поседува кокаин. Беше сместена во притвор 84 минути. Адвокатот на Lindsay Lohan вели дека ѕвездата се согласува со условите на условната казна.Казната ја издржува на слобода, може да снима филмови, но не смее да направи никакво кривично дело.


Младата актерка , стана филмска ѕвезда со филмот Freaky friday . Критичарите прогнозираат дека уште поголема слава ја очекува со филмот Labor Pains , чија премиера е закажана за Мај оваа година.

No comments: