Thursday, March 19, 2009

еден ден во Куманово

Куманово е одлично место за искачање. бев вчера и можам со сигурност да потврдам дека местото е супер, народот е доста пријатен.
Скопјанец во Куманово, со голем број на кумановци.
погодено место за забава и голема промена.
патот не е многу долг, само 45 минути, исто како и до Влае, само што ретко кој сака да прошета поради она ДРУГ ГРАД.
можеби Куманово не е толку шемаџиски град, полн со дискотеки, ама затоа Irish Pub е феноменално за искачање. Местото е во постојан Full, на секоја маса Скопско (голема) кригла, пилешки прсти и помфрит (не ми текнува на др.поради големата количина на пиво).
Атмосферата е доста пријатна, нема надвикување, кумановци постојано зборат, мораш да се надвикуваш за а дојдеш на ред, доста интересно и забавно.
одличен провод.

No comments: