Monday, March 16, 2009

одлично место за кафе за во понеденик

одлично место за сабајлечко пиење кафе измеѓу паузи.
изгледа монотонста на скопската шема ми е здосадена, па решив после предавање од факултет со моите (такозвани) колеги по бифиња да отидеме во Круг, кафич лоциран во Бисер, позади Тобако.
понеделнички, ден кога се е тапа, ние наместо кафе, (цврсто убедени дека местото не е баш за кафе) персоналот доста љубезен ни понуди пиво-Скопско само за да ни тргне цела недела.
музиката е одлична од се по нешто: regge, rock, chill-out. хитови нема, само поради фактот што се секаде слушани.
местото е супер. на два спрата, вртени скали, али сепак забавно. после толку пиво (некојкако мене) може да се убие по скалите ама сепак нема некоја загуба, освен моите навредени такозвани колеги.
персоналот доста брзо ни ги донесе нарачките, незнам дали поради тоа што очекуваа побрзо да се напиеме и да ја живнеме атмосферата или за побрзо да си идеме.
После три саата....
Blank, најискрено не ми текнува многу многу, но знам дека многу убаво си поминав.
Мора повторно да се вратам таму, само следечи пат, не во понеделник. ке се обидам да заредам викендашки.

No comments: