Sunday, March 15, 2009

Сенка на Ветрот

Почетокот кажува се.
Понекогаш тој може да биде и агностички, но според него знаеме дали нешто е лошо или добро, чини или нечини.
"Сеуште се сеќавам на разденувањето кога татко ми за првапат ме однесе во посета на гробиштата на заборавените книги" е почеток на книгата " Сенка на Ветрот " од Карлос Руис Сафон. Книга која е голем хит и која постана литературен феномен во европа и америка. Книга која е преведена на 20 јазици ( до сега ).
Дејството се случува во Барселона во 1945 год. каде што градот полека ги залекува раните од војната. Даниел, син на трговец, дете кое тагува по својтата изгубена мајка наоѓа утеха во мистериозната книга " Сенка на Ветрот ".
Книгата преставува безизлезна потрага кон најмрачните тајни на Барселона - Епска приказна за убиство, лудило и проколната љубов.
The New York Times Book's Review напишал " Како да се здружиле Габриел Гарсија Маркес, Умберто Еко и Хорхе Луис Борхес за да создадат волшебна престава ".
Книгата Сенка на Ветрот вреди да се прочита.

No comments: