Tuesday, March 17, 2009

доста смешна ситуација видов пред некој ден на журка. девојката очигледно неможела да се реши за својата сексуална определеност, па наместо самата да одлучува, им дозволи на своите другарки да ја имаат таа чест.
се е OK кога ќе се отиде на журка со друштво. се е OK и кога народот од страна ќе живне од второто пиво. се е OK и кога сите почнуваат да се клатат на сите страни сметајќи дека се поднапиле од алкохолот и упорно тие самите се прашуваат како сеуште стојат на нозе. тоа е се во ред.
но што се прави кога на журка ќе дојде некој кој замара и на кој иако му кажеш дека не си сама тој упорно стои до тебе? е во тој случај другарките се единствена солуција. ќе кажете дека сте ПАР, дечкото ќе избега толку брзо, а воедно и целата присутност од страна. Дали поради алкохолот, или поради тоа што информацијата патува доста брзо, не е важно.
девојките останаа до крај на журката, играа и се забавуваа и како сума на целата вечер, тие сепак ја збореле вистината и стварно не биле сами.

No comments: