Monday, March 16, 2009

Другарство после врска

Дали постои другарство после раскинувањње?
Според мене ДА.
Според другите незнам.
Сама поставив прашање, сама си одговорив.
Сепак, која е поентата да се отфрли целото поминато време само поради фактот што двајца неможат да бидат заедно.
Дали наеднаш интересот за врска се губи и се станува некој вид на навика?
Или пак поентата е да се изгуби секаков вид на контакт кој зближувал две единки?
Другарство после врска е статистички возможно но сепак е реткост.
Се случува само кога постојат двајца рационалци кои сваќаат дека врската не е крај на некој вид познантство и покрај фактот што љубовта најчесто се раѓа од другарство. Се додека раѕумноста е взаемна таа може да се роди во најубав вид на другарство кое трае засекогаш.
Но, веќе кога ќе се одлучи да се прекине секаков вид на контакт, кога ќе се дојде до оној степен кога ќе се отфрли се и кога одредени двајца ќе се поминат на улица како двајца странци кои се гледаат за прв пат во животот, без никакво Здраво, се знае дека се е готово. Се разјаснуваат одредени работи, како што е на пример зашто тие одредени двајца фактички залудно биле заедно.
Но и покрај се, времето лечи се, ќе се пронајде некој, кој ако ништо друго, ке претставува некој на кој ќе може да се наслониш.

No comments: