Friday, March 20, 2009

Женските и Counter Strike

еј, стварно оддамна неам отидено во играчница.
друштво тиње, сите по овие fancy места, дискотеки, клубови, и не толку fancy како кафани, Grand и тн.
се испратив само во играчница, на крај краишта голем к**(се извинувам дубоко но речникот на зборови ми е доста минимален), си отидов сам. не сум идиот, што да правам тоа е тоа, ќе се најде некој кој ќе ме дружи. ако не, во спротивно-идиот сум, но сепак доста зависен од CS и Dota.
и после маските биле фраери?
peer, кој и да го чита ова, сте биле ли во задње време во играчница?
колку девојчиња играат, па ме изрешетија, еј топ, ова почнува да ми се свиѓа. каква типка седеше до мене, без навреда до девојчето, ама стварно супер девојче, се заебаваше, сите околу мене и се смешкаа на секој кажан збор (без разлика дали е нешто круцијално или сосема ирелевантно) , и коа ке ја видиш листата на играчи и бројот на убиства се освестуваш и сваќаш дека те изрешетија. типката играше стварно стратегиски, работи на психа, свака и част.
најбоље беше, ние, тие дотичните припадници од мушкиот род да станеме ида си идеме наместо да се резилиме на поразот. али тоа е тоа. ќе има и следечи пут. ќе играме Dota, барем во тоа сум добар.

No comments: